Анастас Анастасов Христов ( 1913 во Цариград, Отоманско Царство20 октомври 1944 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Анастас Христов
Роден 1913 година
Цариград, Отоманско Царство
Починал 20 октомври, 1944 година
Скопска Црна Гора, Македонија

Животопис уреди

Завршил правен факултет и како правник се доселил и работел во Скопје. На 10 септември 1944 година стапил во борбените редови на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на оваа единица учествувал во борбите против балистите и Германците во Скопска Црна Гора. Во борбите се истакнал како храбар борец, но од тешките напори на војувањето се разболел и починал на 20 октомври 1944 година.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 279. На |first= му недостасува |last= (help)