Ампула[1][2] — херметички затворено стаклено или пластично шишенце со лек, раствор или серум за инјекција. Се одликува заострен врат за парентерални фармацевтски облици, обично инјекции.[3] Вратот на ампулата мора да се откине пред да се земе лекот од него.[4] Ампулите се соодветен сад за течни фармацевтски облици во една доза,[5] [6] особено ако сотавот на содржината бара заштита од загадување од животната средина или допир со воздухот. Содржината на ампулата е херметички затворена; просторот над нивото на содржината во вратот на ампулата може да се пополни со инертен гас, така што содржината не е во контакт со воздухот.

Ампули со лек.

Наводи уреди