Алијанса за позитивна Македонија

Алијанса за позитивна Македонија (АПМ)македонска политичка партија. Основач на партијата е поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски.

Алијанса за позитивна Македонија
ВодачРубин Земон[1]
ОсновачВладо Бучковски
Основана2014
ШтабСкопје, Република Македонија
Идеологијасоцијалдемократија
Полит. положбаЛево крило
Боицрна, бела, виолетова
Мрежно место
www.pozitivnamk.org
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја уреди

Партијата своите почетоци ги забележува како граѓанска организација која што на 1 март 2014 година, преку собирање потписи на 1200 поддржувачи е одлучено да стане партија.[2]

Учество на избори уреди

Прво учество на партијата е на парламентартните избори во 2014 година, каде што ја предводи коалицијата „Коалиција за позитивна Македонија“ заедно со Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ). На овие избори Коалицијата за позитивна Македонија освоила 10.566 гласови или 0,94% и не успеала да освои пратеничко место.[3]

На парламентарните избори во 2016 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Наводи уреди

  1. „Претседател, www.pizitivnamk.org“. Архивирано од изворникот на 2017-08-12. Посетено на 2017-06-21.
  2. Алијансата за позитивна Македонија се трансформира во партија, OhridNews.com, 01.03.2014
  3. „Резултати од парламентарните избори во 2014 година, Државна изборна комисија“. Архивирано од изворникот на 2017-06-08. Посетено на 2017-06-21.

Надворешни врски уреди