Александар (кована пара)


Александаркована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2015 година.

Александар
Лице
Опачина
Поединости
Серија Ден на ангел
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 28,28 г
Димензии 30 x 50 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2015
Цена 3.500 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е прикажан ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажни натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.[1]

Опачина уреди

На опачината од парата, во средишниот дел од монетата е претставен ликот на Свети Александар Невски, кнез на Новгород, велики кнез на Киев и велики кнез на Владимир, еден од најголемите руски херои во историјата, прогласен за светец од страна на Руската православна црква во 1547 година. Во долниот дел на кованата пара е прикажанат црквата на Свети Александар Невски во Дмитров, Русија. На левата страна се прикажани лисја и плодови од костен, симбол на името на Александар. На левата страна е вметнат кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Александар (александрит). На десната страна е напишано името „Александар“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажни натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски) и ознаката „Аg 925“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „АЛЕКСАНДАР". Посетено на 8 јануари 2018.