Александар Спасовски

Александар Стојанов Спасовски ( 1919 во Скопје1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Александар Спасовски
Роден 1919 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Треска, Скопје, Македонија

Животопис уреди

Завршил основно училиште. Поради лошата материјална состојба не можел да го продолжи образованието и затоа изучил лимарски занает. Во Скопје организирано му пристапил на народноослободителното движење, кои материјално го помагал. Учествувал и во извршувањето на бројни акции, против непријателот. На 6 септември 1944 година, стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, како борец на четвртиот баталјон. Бил учесник во сите нејзини борби и акции против Германците и балистите. Учествувал во разбивањето на балистичките банди, покрај реката Треска, што биле кон центрирани на тој терен. Во таа пеколна борба храбро загинал, во месноста Бел Камен. Неговите останки биле пренесени и закопани на скопските гробишта.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 244. На |first= му недостасува |last= (help)