Александар Силјаноски

Александар Секов Силјаноски ( 1921 во Кичево1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Александар Силјаноски
Роден 1921 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал мај, 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец

Животопис уреди

По завршувањето на основното училиште, учел вечерно занатско училиште и бил шивач. Во борбите за конечното ослободување на Македонија, зел активно учество, најпрво во редовите на Првата македонска бригада во есента 1944 година, а потоа во составот на Петнаесеттиот корпус со кој заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба со германскиот окупатор кај Славонска Пожега во мај 1945 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 110.