Александар Гулевски

Александар Гулевски (Загреб,  СФРЈ, денес  Хрватска, на 29 јануари 1968 - е македонски историчар на уметноста, византолог, археолог, музичар. Живее и работи во Битола, Македонија [1].

Александар Гулевски
Роден 29 јануари 1968
Загреб,  СФРЈ, денес  Хрватска,
Националност Македонец
Занимање историчар на уметноста, византолог, археолог, музичар

Биогафија уреди

Роден е на 29 јануари 1968 год., во Загреб. Основно образование завршил во Загреб, Белград и Скопје, а средно во Скопје. На Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје се запишал во 1986 год. Во текот на студиите, во периодот од 1988 до 1991 год., како штитеник на Археолошкиот кантонален завод Фрибург во Швајцарија, учествувал во археолошкото истражување на локалитетот Муртен, под раководство на Жан-Лук Буасаберт.

Во текот на својот студиски престој во Фрибург го запознал швајцарскиот уметник Серж Дубуа од Корсери и компонирал музичка илустрација за неговата вајарска инсталација „Пчекарни полиња“ (1991). Во 1995 год., под менторство на академик Цветан Грозданов, дипломира на тема од областа на византискиот фрескоживопис на Институтот за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факуклтет во Скопје[2].

Работа уреди

Веднаш по дипломирањето, во 1996 год., од Mитрополитот на преспанско-пелагониската православна епархија г. Петар, назначен е за главен уредник на списанието за православна вера, култура, образование и уметност „Пелагонитиса“, а потоа и за главен уредник на православната библиотека Св. Нектариј Битолски. Во текот на својата работа како главен уредник на „Пелагонитиса“, од 1996 до 2003 год., го истражувал битолскиот период од животот на Св. Јован Шангајски. Материјалите од овие истражувања ги публикувал во неколку книги, издадени од Музејот и фондот на св. Јован Максимович од Москва.

Во 2008 год., со одлука на митрополитот Петар, поставен е за псалт во Соборната црква на Преспанско-пелагониската православна епархија „Св. Димитриј“ во Битола, со задолжение да го возобнови византиското црковно пеење.

Во 2012 год., на Институтот за национална историја во Скопје, под менеторство на Викторија Поповска-Коробар, ја одбранил магистерската теза „Културно-историскиот аспект на темата Литургиска служба на архијереите во олтарскиот фреско-живопис во Македонија од XI до XIV век“, и се стекнал со академски степен магистер по историски науки.

Творештво уреди

Објавувал авторски текстови, главно од областа на византискиот фрескоживопис и иконопис. Го познава византиското црковно пеење, кое го проучува и практикува веќе три децении. Од 1996 г., вработен е во Светата митрополија Преспанско-пелагониска во Битола, како советник за црковна уметност и архитектура[3].

Објавени книги уреди

  • „40 Фејсбук приказни“, Битола 2020[4].

Објавени текстови во книги уреди

Објавени авторски трудови уреди

Објавени преводи уреди

  • 1. Мистагогија, Appendix во книгата на Валентина Гулевска, Magister Caritatis, Битола 2010, 79-130 (превод од руски)
  • 2. Јеромонах Дионисиј од Фурна, Ерминија–прирачник за иконописната вештина (I), Пелагонитиса, 13-15, Битола 2003, 67-82 (превод од француски)

Учество на изложби уреди

Учество во музички и театарски проекти уреди

Музичка дејност уреди

  • Во 1984 г. ја основал групата „Процес“ (Скопје), а во текот на студентските денови, како гитарист свирел во групата „Санс“ (Скопје) - за која ја напишал песната „Let me make you understand“ и во групата „Фреш“ (Скопје), со која ја снимил песната „Revolution“, снимена на музичката компилација „Македонски документ-Step 1“ (1994).
  • Во Битола се запознал со басистот Оливер Јосифовски и започнал да соработува со групата Љубојна на нивниот прв албум „Парите се отепувачка “ (2005). Во тој период работел како музички асистент на Златко Ориѓански на албумот „Македонско девојче“ (2008) на Каролина Гочева[5].
  • Во 2015 г., ги снимил пратечките вокали за албумот „Шербет Љубојна и Исмаил Лумановски“ и снимил дует со Вера Милошевска-Јосифовска на традиционалната македонска песна „Разболе се младо Македонче“.[5].
  • Во 2021 г., како гитарист и пејач соработувал со групата Вел (Битола) и за нивниот деби албум „Црнило“ ја напишал песната „Незалезна“. Истата година за претставата „Дух“ на Дејан Дуковски, во режија на Сашо Миленковски, ја компонирал црковната песна „Достојно ест на петти глас “, во духот на традиционалното македонско црковно пеење.
  • Во 2022 г., за потребите на уметничката инсталација „Крешендо“, инсталирана во Битола, ја компонира музичката илустрација „Крешендо“.

Основач е и раководител на православниот црковен хор „Св. Ангел Битолски“ од Битола.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди