Александар Андреевски

македонски оториноларинголог

Александар Андреевски — македонски лекар - специјалист, оториноларинголог, универзитетски професор и член на МАНУ.

Александар Андреевски
Роден 14 октомври 1922
Кожле, Скопско
Починал 29 октомври 2005
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање оториноларинголог

Животопис уреди

Роден во 1922 година во село Кожле, Скопско. Основно образование учел во Скопје, а гимназија во Аранѓеловац.[1] Во септември 1944 година, влегол во народноослободителната војска на Македонија, а во март 1945 година бил упатен за помошник-комесар во Армиската воена болница во Скопје.[1] Дипломирал во Загреб на Медицинскиот факултет во 1948 година, каде што завршил специјализација по оториноларингологија во 1953 година. Една година подоцна е избран за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје по предметот оториноларингологија. Веднаш потоа заминал во Париз на едногодишен студиски престој каде што ја усовршува: функционалната реконструктивна хирургија на злоќудните заболувања на ларинксот и хипофаринксот, микрохирургијата на средното уво, пластичната хирургија во ОРЛ, аудиовестибулологијата и др.

Следните години Андреевски престојувал повеќепати во реномирани клиники од областа на оториноларингологијата во Париз, Лондон, Москва, Ленинград, Прага, Варшава, Берлин, Хамбург, Хановер, Фрајбург, Хајделберг, Бордо, Лион и во други центри, при што посебно внимание им посветувал на реконструктивната функционална хирургија на злоќудните заболувања на ларингофарингеалните подрачја како и на други области од струката: тимпанопластиките, стапедопластиките, хирургијата на лицевиот нерв, ринопластиките и др.

Кариера уреди

По обемното искуство стекнато при овие посети напишал хабилитационен труд кој го одбранил во 1956 година, а во 1957 го дина е избран за доцент на Медицинскиот факултет во Скопје. Вонреден професор станува во 1961, а редовен во 1967 година. Андреевски успешно извршувал и многубројни функции на кои бил избиран: триесет години бил директор на Клиниката за ОРЛ на Медицинскиот факултет во Скопје, продекан и во два мандата декан на Медицинскиот факултет во Скопје,[1] прв директор на Универзитетскиот клинички центар, сега Клинички центар во Скопје, ректор на Скопскиот универзитет, претседател на здруженијата по ОРЛ во бивша Југославија и во Република Македонија. Акад. Андреевски бил организатор на многубројни домашни и меѓу народни конгреси и симпозиуми.

На клиниката за ОРЛ под негово раководство се оформени повеќе од 140 специјалисти, многубројни докторанти и магистранти, при што на многу од нив им бил ментор. Тој е автор на учебникот по ОРЛ за студенти по медицина. Раководел над 13 научноистражувачки проекти. Објавил над 280 научно-стручни трудови. За неговите заслуги и долго трајна работа бил наградуван со многу награди и признанија меѓу кои е и наградата „11 Октомври“ за животно дело во 1978 година. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1979, а за нејзин редовен член во 1986 годи на. Во Академијата акад. Андреевски во два мандата е секретар на Одделението за медицински и биолошки науки а од 1980 -1990 е потпретседател на Академијата. Последните години бил избран за избран член на Претседателството на МАНУ. Починал на 29 октомври 2005 година.

Добитник е на награди и признанија, меѓу кои: наградата „11 Октомври“, Орден за храброст и заслуги за народ од III ред, Орден на заслуги за народот со сребрени зраци и Медал за храброст.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​49-52