Актеон или Актајон (старогрчки: Ἀκταίων) — ловец во старогрчката и во римската митологија. Тој ја видел гола божицата Артемида (Дијана) додека се капела. Поради тоа, божицата го претворила во елен кого го растргнале неговите ловечки кучиња. Според друга верзија, него го убила божицата, зашто се фалел дека е подобар ловец од неа. Актеон бил чест мотив на грчките вази и скулптури.[1]

Актеон го напаѓаат неговите кучиња, детал од луканиска вазна, 4 век п.н.е.

Наводи уреди

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 219.