Аксолотл е расказ од аргентинскиот писател Хулио Кортасар. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршила Катарина Мандариќ.

Содржина уреди

Расказот зборува за еден човек кој се претворил во аксолотл, мала амфибија со потекло од Мексико. За време на неговиот престој во Париз, тој ги забележал тие розови и тивки животинки во еден аквариум, во Ботаничката градина и станал опседнат со нив. Потоа, одел секој ден таму и со часови стоел пред нивниот аквариум, внимателно набљудувајќи ги по неколку часови. Така, тој сфатил дека аксолотлите се луѓе. Еднаш, додека го приближил лицето до ѕидот на аквариумот, тој почувствувал како, најпрвин мисловно, а потоа и физички, се претворил во аксолотл, кој размислува како човек.[1]

Наводи уреди

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 45-53.