Акваторија (латински: aqua — вода, territorium — подрачје) – израз со кој се означува водена површина со неодредена големина, на океаните, морињата, езерата и реките.

Акваторијата на заливот Находка, Русија.

Во географската литература акваторија се изедначува со целокупната површина на некој хидрографски објект, додека во политичката географија акваторија на некоја земја или територија се изедначува со нејзините територијални води.

Литература уреди