Адмир Владавиќ

босански фудбалер

Адмир Владавиќ (српски: Адмир Владавић, р. 29 јуни 1982) — поранешен босански професионален фудбалер . Играл за бројни фудбалски клубови, како и за сениорската репрезентација на Босна и Херцеговина. Тој е висок 178 сантиметри и играл на десната позиција.[1]

Адмир Владавич

Роден е во Љубиње, БиХ. Во својата кариера имал настапувано за клубовите: ФК Искра Столац, ФК Вележ Мостар, ФК Жилина Сараево, ФК Ред Бул Салцбург, ФК Олимпик Сараево, ФК Карвина и ФК Слијема вондерерси.[1]

Кариера уреди

Клупска уреди

Тој ја започнал својата кариера во фудбалскиот клуб Искра во Столац, од каде се префрлил во мостарскиот Вележ . Во летото 2005 година потпишал четиригодишен договор за ФК Железничар од Сараево, каде брзо се пласирал како еден од најдобрите играчи во клубот, како и Премиерлигата на Босна и Херцеговина . Тоа била причината зошто многу странски клубови изразиле интерес да го доведат овој играч. Словачкиот фудбалски клуб Жилина од истоимениот град сакал да го доведе во своите редови.

Репрезентативна уреди

Адмир Владавиќ го направил своето деби за репрезентацијата на Босна и Херцеговина на 28 февруари 2006 година во натпреварот со Јапонија и досега има одиграно вкупно 12 натпревари.

Приватен живот уреди

Адмир и неговата сопруга Ајла на својот син му го дале името Зинедин, по славниот француски фудбалер Зинедин Зидан.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Адмир Владавић на официјалниот портал National Football Teams, www.national-football-teams.com, Посетено на 29 ноември 2017
  2. „Адмир Владавић сину дао име Зинедин“. sportsport.ba. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2009. Посетено на 22 јуни 2009.

Надворешни врски уреди