Адијабатски процес

(Пренасочено од Адиабатски процес)

Адијабатски процес е процес кај кој размената на топлината на системот со надворешната средина е занемарлива.

Адијабатските процеси реално не можат да се постигнат затоа што секогаш мора да постои макар и мала размена топлина со надворешната средина, за што говори и самиот назив на процесот, што би можел да се преведе како невозможен. За да бидат намалени топлинските загуби, овие процеси мораат да се одвиваат многу брзо.

Адијабата уреди

Адијабатскиот процес на идеален гас може графички да се прикаже со адијабата. На дијаграмот pV адијабатата има сличен облик како и изотермата, но е пострмна.[1]

При адијабатскиот процес на идеален гас важи реалцијата: , каде што k е Поасонов број, кој се дефинира како , каде што е моларен топлински капацитет при константен притисок, а е моларен топлотен капацитет при константен волумен. Користејќи ја формулата за состојба на идеален гас може да се дојде и до други врски меѓу основните параметри што ја карактеризираат состојбата на идеалниот гас. Така, се изведуваат врските и

Поасонов број уреди

Поасоновиот број има различни вредности за различни гасови, во зависност од тоа колку атоми се содржани во нивната молекула. За едноатомските гасови тој изнесува 5/3, а за двоатомските 7/5.

Наводи уреди

  1. Adiabatic process анг.