Австријци (на германски: Österreicher) се нација[1] и етничка група[2] со потекло од Република Австрија и нејзините историски претходнички држави кои ја дела австриската култура и австрискoто потекло. Поради заедничката историја и припадноста во Светото Римско Царство до 1806 година поради тоа што германскиот јазик бил национален јазик (и денеска е) на Австријците, тие биле сметани за Германци. Но после создавањето на националната германска држава, Германското Царство во 1871 и после Втората светска војна Австријците успеале да развијат свој различен идентитет различен од Германците.

Национално знаме на Австрија и на Австријците.

Терминот Австријец или Австријка во XIX век кога се употребувал се мислело на граѓанин од Австриската Империја од 1804 па сè до 1918 без разлика на неговата/нејзината националност. Пред XIX век со овие термини се мислело предмет од Хабсбуршката династија како дел од Светото Римско Царство. Во оваа смисла, дефиницијата вклучува говорителе на повеќе од 12 јазици.

Во најблиско време, при употреба на овие термини се мисли на населението од Долна Австрија и Горна Австрија кои заедно ја формираат државата наречена Австрија. Зборуваат на австриска варијанта на германски јазик и најголем дел од нив се католици.

Наводи уреди