Австрискa музичкa наградa Амадеус

Австрискa музичкa наградa Амадеус е годишна церемонија на доделување награди за извонредност во музичката индустрија Австрија. Се доделува на најуспешните австриски музичари и се одржува во Народниот театар во Виена секој март од 2012 година. Тоа е австриски еквивалент на Греми[1].

Австрискa музичкa наградa Амадеус
ДржаваАвстрија Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttps://aama.at/ Уреди на Википодатоците


Историја уреди

Церемонијата на доделување награди била основана од IFPI Австрија во 2000 година, а била емитувана од австрискиот национален радиодифузер Österreichischer Rundfunk (ORF). Анди Нол бил домаќин на шоуто.

Во 2008 година, радиодифузерите Puls 4 и ProSiebenSat.1 Media почнаа да ја одржуваат церемонијата заедно. Мајкл Островски бил домаќин на шоуто од 2008 до 2010 година, а Мануел Рубеј почна да го води во 2012 година.

Награди уреди

Наградите се доделуваат на секој музичар со австриско државјанство или кој својата кариера ја има воспоставено во Австрија. Од 2016 година наградата има 19 категории.

Општо уреди

  • Музички состав на годината
  • Машки уметник на годината
  • Жена уметник на годината
  • Албум на годината
  • Песна на годината

  • Настап во живо на годината во живо
  • Видео на годината
  • Текстописец на годината
  • Награда FM4
  • Животно дело
  • Најдобар звук и снимка за албум

Жанр уреди

  • Алтернативен поп/рок
  • Hard & Heavy
  • ХипХоп / Урбан
  • Џез / Свет / Блуз

  • Електронски / Танц
  • Поп/рок
  • Шлагер
  • Фолк музика

Наводи уреди

Надворешни врски уреди