Џо Арибо

фудбалер

Џозеф Олувасеји Темитопе Ајоделе-Арибо (роден на 21 јули 1996 во Камбервел), на скратено познат како Џо Арибонигериски фудбалер, играч од средниот ред на Саутхемптон и на нигеријската репрезентација. Иако е роден и израснал во околината на Лондон, Англија, поради нигериското потекло се одлучил репрезентативно да ја претставува оваа африканска земја.

Џо Арибо
Лични податоци
Полно име Џозеф Олувасеји Темитопе
Ајоделе-Арибо
Роден на 21 јули 1996(1996-07-21)(27 г.)
Роден во Камбервел, Англија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 7
Младинска кариера
Стејнс Таун Стејнс Таун
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2015 Стејнс Таун Стејнс Таун 22 (0)
2015-2019 Чарлтон Чарлтон 81 (14)
2019-2022 Ренџерс Ренџерс 92 (18)
2022- Саутхемптон Саутхемптон 6 (1)
Репрезентација
2019- Нигерија Нигерија 20 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 11 август 2022
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 август 2022

Својата клупска кариера ја започнал во полупрофесионалниот клуб Стејнс Таун за потоа да помине четири години со Чарлтон Атлетик во фудбалската лига. Во 2019 година потпишал за шкотскиот гигант Ренџерс, каде што го освои шкотското првенство во 2021 година и Купот на Шкотска една година подоцна. Во летото 2022 година, потпишал за Саутхемптон.

Својот дебитантски настап за Нигерија го направил во 2019 година. Бил во составот на репрезентација на Африканскиот куп на нации 2021.

Технички карактеристики уреди

Арибо е разноврсен играч кој може да игра централно или странично во средниот ред. Технички умешен, тој може да ги користи своите долги нозе за делотворно да ја заштити топката од противниците. Меѓу неговите силни страни се брзината со топката во нозете и способноста да се прилагоди на повеќе позиции на теренот.

Титули уреди

  Ренџерс уреди

2020-2021
2021-2022

Надворешни врски уреди