Џамија на Хаџи Дургут

џамија во Охрид

Џамија на Хаџи Дургут (Џамија на Хаџи Тургут) или Крст-џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]

Џамија на Хаџи Дургут
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′0.4″N 20°47′54.0″E / 41.116778° СГШ; 20.798333° ИГД / 41.116778; 20.798333
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
Завршен1466
Особености
Минариња1
Висина на минарето20 м
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Џамијата е изградена во 1466 година. Сместена е меѓу улицата „7-ми Ноември“ северозападно од неа и улицата „Марко Нестороски“ на југ. Има квадратна основа, врз која се издига осумаголна купола. Минарето е високо околу 20 м. Основата е изработена од бигор и варов малтер, а куполата е од бигор и тули, повторно со варов малтер. Минарето исто така е од бигор, па покриено со варов малтер. Покривот бил со турски ќерамиди. Во внатрешноста има дрвена ламперија по ѕидовите и дрвен таван. Автентичниот изглед на храмот е речиси целосно зачуван.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Џамијата Хаџи Дургут“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-16. Посетено на 15 август 2017.
  2. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 51–52. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски уреди