Љупчо Константинов

Љупчо Константинов (Охрид, 11 декември 1946 - ) — македонски композитор и автор на филмска музика.

Константинов Љупчо
Роден(а)11 декември 1946
Охрид, СР Македонија (денес Република Македонија)
НационалностМакедонец
Занимањекомпозитор
Познат(а) помузика во филмот „Среќна нова '49

Животопис уреди

Константиновски дипломирал на Музичката академија во Белград. Композирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски претстави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Златна арена“ на Филмскиот фестивал во Пула за музиката во филмот „Среќна нова '49“; три „Златни ловорови венци“ на МЕС, Сараево; за театарските претстави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; награда на критиката на Вториот меѓународен фестивал во Град Мексико за најдобра музика за претставата „Шехерезада“; на тетарските игри „Војдан Чернодрински“, награда за музиката во театарската претстава „Старите фотографии“ и др.[1]

Филмографија уреди

  • 1977: „Градежно претпријатие „Маврово““ (Избор на музика)
  • 1977: „Тулгеш“ (Музика)
  • 1977: „Винојуг“ (Избор на музика)
  • 1978: „Отпор“ (Избор на музика)
  • 1979: „Ракувања“ (Избор на музика)
  • 1979: „Ежен Гилвик“ (Музика)
  • 1979: „Глава“ (Музика)
  • 1980: „Хомо догматикус“ (Избор на музика)
  • 1980: „Крвта на морето (сунѓер)“ (Избор на музика)
  • 1981: „Црвениот коњ“ (Музика)
  • 1982: „Демагог“ (Избор на музика)
  • 1982: „Јужна патека“ (Музика)
  • 1982: „Мистериозниот предмет“ (Музика)
  • 1983: „Пат за умор“ (Избор на музика)
  • 1983: „Виновник“ (Избор на музика)
  • 1984: „Нели ти реков“ (Музика)
  • 1985: „А“ (Музика)
  • 1985: „Ангроинженеринг“ (Музика)
  • 1986: „Среќна Нова ‘49“ (Музика)
  • 1987: „Хај-фај“ (Музика)
  • 1991: „Тетовирање“ (Музика)
  • 1993: „Македонска сага“ (Музика)
  • 1995: „Ангели на отпад“ (Музика)
  • 1997: „Преку езерото“ (Музика)
  • 1999: „Време, живот“ (Музика)

Награди уреди

Наводи уреди

  1. Константинов Љупчо, портал „Кинотека на Македонија“
  2. „О Д Л У К А за доделување на државната награда,,11 Октомври" за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија“. Министерство за култура. 6 октомври 2023. Посетено на 11 октомври 2023.