Југослав Петровски

Југослав Петровски (Куманово, 9 мај 1969 година) — македонски поет и драмски писател.[1]

Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје, отсек драматургија и режија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е на книгите: „Евтини гладијатори“ (драма, 1989), „Петтата страна на светот“ (поезија, 1992), „Коитус со ѓаволот“ (драма, 1993), „Евангелие по Јуда“ (драма, 1993), „Вазна од порцелан“ (драма, 1996), „Елешник“ (драма, 1997).

Изведбата на неговата драма „Евангелие по Јуда“ од страна на Струмичкиот театар во 1993 година предизвика силни реакции од страна на МПЦ, која бараше претставата да не биде изведена. Сепак, до изведба на претставата дојде.

Добитник е на наградите: „Шекспирова награда“ (прва) на меѓународен конкурс за драма во Лондон, награда за најдобар драмски текст во Македонија на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Надворешни врски уреди

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 201.