Јорганџија — вид занаетчија кој се занимава со правење (изработка) на јоргани, перници и душеци[1].

Постапка на изработка уреди

Производство некогаш уреди

Јорганџија рачно ги прави своите производи. Алати кои ги користи при работата се ножици, игла, конец, машина за шиење. Јорганот се шие од платно и се полни со памук, за да не би испаднал материјалот со кој е наполнет се шие со конце. Јорганџии продавале и по мерка по која купувачите ги нарачувале производите. Некогаш за правење на јорганџиски производи се користеле воглавно природни материјали како што се волна и памук, а производите биле тешки и подолго траеле.

Производство денес уреди

Јорганџиски производи можеме уште некаде да најдеме, воглавно на пазари и панаѓури.

 
Јоргани од природни материјали
 
Волна

Со овој занает денес малку кој се занимава па тој е во изумирање. Полесно е да се произведува со современи машини и да се купуваат производите бидејќи старите традиционални занаети не донесуваат заработка

Наводи уреди

  1. „јорганџија“. ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Посетено на 17.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски уреди