Јовица Елезовиќ

југословенски ракометар

Јован - Јовица Елезовиќ (Врбас, роден 2 март 1956) е српски ракометен тренер и поранешен југословенски ракометар.

Кариера уреди

Роден е на 2 март 1956 година во Врбас. Играше на позицијата лев бек и беше член на олимписката златна генерација од Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година. Ја освои титулата светски шампион во 1986 година во Швајцарија. Тој одигра вкупно 123 натпревари за репрезентацијата на Југославија и постигна 388 голови.

Во тренерска кариера долго го предводеше тимот на Партизан ( го освои првенството во 1993, 1994, 1995 и 1999 година и купот во 1993, 1994 и 1998) и со Синтелона од Бачка Паланка (го освои Купот во 2000 година), а беше и тренер на репрезентацијата.[1]

Неговиот син Урош е исто така ракометар.[2]

Трофеи уреди

  • медали
  • Олимписко злато во 1984 година Лос Анџелес
  • сребрен Светски куп во 1982 година Западна Германија
  • злато Светски куп 1986 година Швајцарија
  • златно Средоземни игри во 1983 година Мароко

Наводи уреди

Надворешни врски уреди