Ји Селинг (родена на 6 мај 1989 во Гуангдунг[1]) е кинеска натпреварувачка во стрелаштво, која го освоила првиот златен медал на Летните олимписки игри 2012 во Лондон, победувајќи во дисциплината воздушна пушка од 10 m.[2]

Ји Селинг
Медали
Натпреварувач за Народна Република Кина НР Кина
Стрелаштво во женса конкуренција
Олимписки игри
Златен медал - прво место Лондон 2012 воздушна пушка од 10 m
Светски првенства
Златен медал - прво место Минхен 2010 воздушна пушка од 10 m

Животопис уреди

Ји Селинг живее во родниот град. Со стрелаштво се занимава од 2003 година, а на меѓународните натпреварувања учествува од 2009 година. Уште во својата прва сезона има постигнато врвни резултати, освојувајќи го второто место на натпреварот од светскиот куп во Пекинг и петтото место во финалето на светскиот куп во Вусји. Првата значајна победа, Селинг ја остварила на светското првенство во Минхен во 2010 година, каде што била најуспешна во дисциплината воздушна пушка од 10 m. Истата година, таа победила на меѓународниот натпревар во Форт Бенинг и повторно го зазела второто место на светскиот куп во Пекинг. Во текот на следната 2011 година ја повторила победата од Форт Бенинг една година претходно, а победиал и во финалето на светскиот куп во Вроцлав.

Во 2012 година започнала, исто така, со доста добри резултати, победувајќи во натпреварот од светскиот куп во Минхен, завршувајќ на второто место во Лондон и на третото во Милано. Својот најголем успех го постигнала на Летните олимписки игри 2012, каде што го освоила златниот медал во дисциплината воздушна пушка од 10 m. Во квалификациите остварила резултат од 399 бода, што било доволно за второто место и обезбедено учество во финалето, во коешто победила со освоени 103,9 бода.

Таа е леворака стрелачка, којашто кон метата цели со своето десно око, а нејзин тренер е Лунг Шоу Бо.

Наводи уреди

  1. London 2012 Website Profile
  2. „China's Yi Siling Wins First Gold Medal of 2012 London Olympic Games“. Архивирано од изворникот на 2012-07-30. Посетено на 2012-07-28.