Јарец (кована пара од 2014 година)

Јарецкована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 10 денари, а цената 2.700 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 27 март 2014 година, а истата била промовирана на 1 август истата година.[1]

Јарец
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.[2]

Опачина уреди

На опачината од парата е прикажана слика на јарец што лежи и соѕвездие коешто му одговара на хороскопскиот знак Јарец, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак „Јарец“отпечатен на рог и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.<ref name="НБРМ">

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Соопштение на НБРМ“. 27 март 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. „Кована пара за колекционерски цели: „ЈАРЕЦ". Посетено на 8 јануари 2018.