Јанко Георгиев (зограф)

Јанко Георгиев - македонски зограф, претставник на Дебарската школа.

Јанко Георгиев
Роден(а)Тресонче, Османлиско Царство (денес Македонија)
Починал(а)1881
Папрадиште, Османлиско Царство (денес Македонија)

Биографија уреди

Потекнува од големиот зографски род Рензовци од дебарското мијачко село Тресонче. Син е на Георги Дамјанов, од кого го изучил занаетот. Работел со брата си Јаков и братучедите Даме и Иван Андреев и Петар и Атанас Николови под раководство на татко си и чичковците, кои исто така биле познати зографи.

Заедно со брат си Јаков ги изградиле црквите во Крајници, „Св. Константин и Елена“ во Оморани (1894), манастирот „Свети Архангел Михаил“ кај Горно Чичево и други.

Умира во 1881 година.