Ѓулистана Марковска

политичарка

Ѓулистана Марковска, Јумеровска (ромски: Džulistana Jumerovska Markovska[1]; Куманово, 1961) — македонска политичарка и пратеник.

Ѓулистана Марковска
Родена 1961 (воз. 62–63 г.)
Куманово, НР Македонија, ФНРЈ
Занимање политичар и пратеник

Животопис уреди

Марковска е родена 1961 година во Куманово. Завршила Медицински факултет, специјалист по очни болести. Работела како општ лекар во Медицинскиот центар во Куманово и како лекар специјалист во Воената болница во Скопје. Таа била пратеник во Македонското Собрание во 1991 година како пратеничка на тогашниот Сојуз на реформски сили, а потоа дејствувала како независна. Во пратеничките клупи минала уште четири години, од 1998 до 2002 година, како дел од тогашната ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љупчо Георгиевски[2]. Живее во Скопје.

Наводи уреди

  1. „Јумеровска Ѓулистана“. Собрание на Македонија. Посетено на 12 февруари 2012.
  2. Војновска, Оливера (3 јануари 2011). „Од ентузијазам до сервилност кон Владата“. Утрински Весник. Посетено на 12 февруари 2012.