Ѓорѓи Христов (фудбалер)

Ѓорѓи Христов (30 јануари 1976, Битола, Македонија) — македонски поранешен фудбалер и тренер.

Ѓорѓи Христов
Лични податоци
Роден на 30 јануари 1976(1976-01-30)(48 г.)
Роден во Битола, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција Напаѓач
Младинска кариера
1991-1994 Пелистер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–1994 Пелистер 34 (11)
1994–1997 Партизан 61 (21)
1997–2000 Барнсли 45 (8)
2000–2003 Нејмехен 55 (18)
2003–2004 Зволе 13 (4)
2005 Данфермлин Атлетик 8 (0)
2005 Дебрецен 2 (0)
2006 Хапоел Назарет 7 (3)
2006 Ники Волос 6 (0)
2007 Олимпијакос Никозија 6 (0)
2007–2008 Ден Бош 27 (8)
2008-2009 Баку 15 (9)
2009-2010 Јуваскула 9 (1)
Репрезентација
1995–2005 Македонија 48 (16)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Играчка кариера уреди

Младинска клупска кариера уреди

Роден во Битола, Христов започнал со неговиот роден клуб Пелистер односно во неговиоте младински категории. Таму бил забележан од Цане Грбевски.[1]

Сениорска клупска кариера уреди

На 16 години, Христов започнал да настапува во првиот состав на Пелистер, пред да премине во Партизан во 1994 година.[1] Следните три сезони ги поминал во црно-белите, победувајќи едноподруго првенства во 1995/96 и 1996/97. Во јуни 1997 година, Христов бил продаден на англискиот клуб Барнсли за сума од £ 1,5 милиони.[2][3] Тој постигнал 8 лигашки голови во неговата дебитантска сезона со клубот, но клубот претрпел испаѓање од Премиер лигата.[4] Во следните две години, Христов пропуштил многу натпревари поради повреда на коленото, пред на крајот да го напушти клубот во 2000 година. Тој потоа се приклучил на холандскиот клуб Нејмехен.[1][5] Тој се преселил во Ередивисискиот клуб Зволе во летото 2003 година.[6][1]

Потоа играл за шкотски Данфермлин Атлетик, унгарски Дебрецен, израелски Хапоел Назарет, грчки Ники Волос (играл само пријателски натпревари),[7] кипарски Олимпијакос Никозија, холандски Ден Бош и азербејџански Баку[1] Тој има играно на пријателски натпревари и со Рапид Виена.[7] Христов во февруари потпишал за Вардар. Таму не останал долго и во јули се преселил во финска Јуваскила.[1][8]

Меѓународна кариера уреди

Христов одиграл 48 натпревари за Македонија, постигнувајќи гол на своето деби во ремито 2–2 против Ерменија на 10 мај 1995 година.[1] На 9 ноември 1996 година, Христов и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Ѓорѓи Христов бил во почетната единаесетка и постигнал гол во 23. минута.[9][10] На 2 април 1997 година, при победата од 3:2 против Ирска, во Скопје, Христов постигнал 2 гола.[1] Тој постигнал вкупно 16 гола за репрезентацијата, со што е втор стрелец во историјата на македонскиот фудбал, само зад Горан Пандев. Неговиот последен меѓународен натпревар бил во март 2005 година при квалификациита за Светското првенство 2006, против Холандија.[11]

Тренерска и стручна кариера уреди

На 4 октомври 2011 година, Христов ја презел тренерската позиција во Металург,[12] иако, поради немањето професионална тренерска лиценца, формално како тренер на клубот бил воден Александар Влахо. Меѓутоа, по поразот од Шкендија од 1:5 во реваншот од четврт-финалето на Купот на Македонија, во ноември 2012 година, Христов си поднесол оставка.[13]

На 18 јуни 2018 година, Ѓорѓи Христов станал директор на академијата на Вардар.[14]

Согласно 15 јануари 2022 година, Христов е во стручниот штаб на ФК Парк Сити.[15]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Зоран Михајлов (3 декември 2018). „Ѓорѓи Христов – мајстор за голови“. Нова Македонија. Архивирано од изворникот 2018-12-03. Посетено на 1 август 2023.
  2. „Football: Gray begins managerial talks at Everton“. The Independent. 16 јуни 1997. Посетено на 1 август 2023.
  3. Здравески, Филип (13 јуни 2016). „Денот кога Ѓорги Христов направи рекорден трансфер во новиот премиерлигаш“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2016-06-18. Посетено на 1 август 2023.
  4. „Football: Barnsley defiant to the end“. The Independent. 10 мај 1998. Посетено на 1 август 2023.
  5. NEC stats - NEC Archief
  6. Hristov crosses to Zwolle - UEFA
  7. 7,0 7,1 Зоран Михајлов (10 февруари 2009). „Христов во Вардар“. ohridnews.com. Архивирано од изворникот 2023-08-03. Посетено на 3 август 2023.
  8. „Ништо од Христов во Вардар. Отиде во Финска...“. MacedonianFootball. 13 јули 2009. Архивирано од изворникот 2023-08-03. Посетено на 3 август 2023.
  9. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 1 август 2023.
  10. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 1 август 2023.
  11. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 1 август 2023.
  12. „Ѓорѓи Христов ја почна тренерската кариера“. kurir.mk. 5 октомври 2011. Архивирано од изворникот 2011-10-05. Посетено на 3 август 2023. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  13. "Христов поднесе оставка", Дневник, година XVI, број 5022, 23 ноември 2012, стр. 23.
  14. ЗОРАН МИШЕВСКИ (18 јуни 2018). „Ѓорѓи Христов ја почна тренерската кариера“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-08-03. Посетено на 3 август 2023.
  15. „Нашиот стручен тим: ...“. kurir.mk. 15 јануари 2023. Архивирано од изворникот 2023-08-03. Посетено на 3 август 2023.

Надворешни врски уреди