Ѓорѓи Јанчевски (роден на 27 ноември 1950 година во Скопје) — македонски економист и банкар.[1]

Ѓорѓи Јанчевски
Роден 27 ноември 1950
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање банкар

Животопис уреди

Ѓорѓи Јанчевски завршил на Економскиот факултет во Скопје (1969–1973), а се усовршувал првин преку АИЕСЕЦ во Данска (Есбјерг, 1972), потоа во Велика Британија (Единбург, 1873); бил на студиски престој во САД за усовршување на менаџментот (Њујорк, 1992), на семинар во Дрезднер банка во Германија (1994) и студиски престој во организација на Програмата за финансиите и банкарството во Средна и Источна Европа во Јапонија (Осака, 1997). Работи во финансиската и банкарската област: во Републичкиот завод за цени (од 1974), во Основната земјоделска банка-Скопје (од 1978), еден од основачите на Тутунска банка АД – Скопје и нејзин заменик директор (од 1985), прв генерален директор на НЛБ Тутунска банка АД – Скопје (од 1. Ⅰ 1998) и претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка АД (од 3. Ⅶ 2008).

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јанчевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 635. Text "series " ignored (help)