Михајловистички контрачети во Вардарска Македонија

Михајловистичките контрачети во Вардарска Македонија биле создадени за помош на бугарските власти во борбата против македонските партизани. Тие биле активни во периодот на бугарската окупација на регионот. Првично Бугарите биле пречекани како ослободители од српската власт без никаков суштински отпор. Во текот на Втората светска војна, во периодот на бугарската окупација на Македонија, Бугарите биле категорично омразени во Македонија заради ѕверствата и злосторствата кои систематски ги вршеле.[1] Локалните комунисти го припоиле ПК на КПЈ за Македонија кон БРП(к) и биле против оружена борба. Михајловистите партиципирале целосно во бугарската фашистичка окупација. Првата контрачета, била формирана на крајот на 1942 година во Велешко, на чело со Пано Манев.[2] Нејзиното создавање било одобрено од министерот за внатрешни работи Петар Габровски по предлог на скопскиот полициски началник Стефан Симеонов, кој бил поранешен четник на Внатрешната добруџанска револуционерна организација.[3] Вака партизанските одреди биле разбивани не само од полицијата, туку и од страна на контра-четниците. Контрачетите обично се водени од ветерани на михајловистичкото крило на ВМРО, како војводата на Кумановската контрачета - Крсто Лазаров. Меѓу попознатите контрачети биле Гевгелиската на чело со Ѓорѓи Хаџи Митрев,[4] Кавадарската на чело со Атанас Калчев,[5] Кочанската, на чело на која бил Димитар Медаров, како и Битолската и Прилепската контрачети. Од друга страна во март 1943 година командантот на 15-та пешадиска дивизија во Егесјка Македонија - Иван Маринов, распоредил вооружувањето на првата контрачета во регионот, а Владимир Куртев, Димитар Цилев и Георги Настев учествувале во организирањето на првите одреди за борба против комунистички партизани - Охрана. Во летото на 1944 година на територијата на Вардарска Македонија дејствувале околу 200 контрачети.[6] По повлекувањето на бугарската администрација од регионот и подоцнежното откажување на Иван Михајлов да формира марионетска држава, повеќето од учесниците во нив биле убиени во престрелки со партизаните или подоцна биле фатени и осудени од страна на комунистичките власти во Југославија.[7] Во западна Македонија во селото Мраморец е формирана контрачета од страна на Димо Соколески - Брадата и Стефан Димитров од селото Белица. Најпрво во оваа контрачета дејствувале 15-тина контрачетници од четирите околни села Мраморец, Турје, Козица и Белица. Нешто подоцна кон оваа контрачета ќе се припојат и 10-тина селани, скоро сите од селото Арбиново. Контрачетниците дури ќе успеат и да фатат еден партизан, и да го убијат тоа бил Наум Сиљаноски од селото Издеглавје, кого го фатиле во близина на селото Сливово, и го стрелале во беличка планина. Како соработници со окупаторите (контрачетници) Милан Пејоски, Ванчо Недески и Стојко Митрески од Мраморец, потоа Кирко Попоски од Лешани, и Климе Китески од Слатински Чифлик ќе бидат стрелани од страна на партизаните.[8][9]

Белешки уреди

  1. "Despite the slight change of the younger generation in the 1930s, reflected in the slogan "Macedonia for the Macedonians", anti-Serbian and pro-Bulgarian sentiment still prevailed. Even "Macedonia for the Macedonians" signalled in many ways an acceptance of the state of Yugoslavia and an attempt to gain autonomy within it. The collapse of Yugoslavia changed all this. There is a little doubt that the initial reaction among large sections of the population of Vardar Macedonia who had suffered so much under the Serbian repression was to greet the Bulgarians as liberators." Who are the Macedonians? Hugh Poulton,Hurst & Co. Publishers, 1995, ISBN 1-85065-238-4, p. 101
  2. Павловски, Јован. Судењата како последен хаос, Центар за информирање и издавачка дејност "Полог", Тетово, 1977, стр. 201.
  3. Малковски, Ѓорѓи. Профашистичките и колаборационистичките организации и групи вото Македонија 1941-1944 година, Скопје, 1995 г.
  4. „Ќортошев, Ристо. Црвена помош и "штукаџии", в. Вест, 23.01.2002 г.“. Архивирано од изворникот на 2014-07-28. Посетено на 2014-08-07.
  5. Павловски, Јован. Судењата како последен пораз, Центар за информирање и издавачка дејност "Полог", Тетово, 1977, стр. 198.
  6. Cohen, PJ Riesman, D. (February, 1997). Serbia's Secret War: Propaganda and the Deceit of History. Texas A & M University Press. p. 100. ISBN 0-89096-760-1.
  7. Павловски, Јован. Судењата како последен хаос, Центар за информирање и издавачка дејност "Полог", Тетово, 1977, стр.376.
  8. Ивановски, А. Владо (1973). Ослободителната војна во западна Македонија 1941-1945. Скопје.
  9. Ристески Стојмир, Петровски Трајан (1972). Огненото лице на Дебарца караорманска. Скопје: Мисла.