VI востанички округ - Овчеполски

VI востанички округ - Овчеполски бил формиран со Општиот план за Илинденското востание, во него влегувале Штипско, Скопско, Тетовско, Кумановско, Паланечко, Кратовско и Кочанско, негов центар бил бил Црн Врв - Лисец.

Востанички дејствија уреди

 
војводата Никола Пушкаров

Во Скопскиот вилает, поточно во македонскиот дел, во Скопскиот санџак имало послаба востаничка дејност. Еден дел од околиите во рамките на Скопскиот револуционерене округ останел неворужени, дел од сили на Македонската револуционерна организација биле истоштени во борбата со Српската пропаганда, а дел биле засегнати од аферите, додека пак во некој околу постоеле раздори како што била Велешката околија. Сето тоа влијаело за слабиот одзив за учествто во востанието.

 
Совет на војводи – Атанас Бабата, Боби Стојчев и други.
 
Четата на Атанас Бабата

Неколку недели пред востанието во Скорскиот округ се појавила четата на Никола Пушкаров со јачина од 18 души, таа располагала со неколку боеви сили и интелеигентни момчиња, со себе четата носела 200 бомби и 100 килограми динамит.

На 22 јули четата се сместила во манастирот Св. Јован над селото Ветерско, недалеку од реката Пчиња. Организацискиот курир добил задача во манастрирот пред Пушкаров да ја доведе србоманската чета кој претходно се појавила во Кумановско. Таа чета се состоела од три Срби и четири македонски србомани. Началникот на српската чета истакнал дека тие дошле во Македонија за да и помогнаат на Македонската револуционерна организација во борбата со Турците, и дека тие сакаат да се приклучаат кон организациската чета, војводата Пушкаров ги примил.

Од манастирот четата заминала за селото Новачани. На 1 август во 11 часот бил извршен атенатат на железничката линија Скопје - Солун. Расчистувањето на пругата траело два дена. Потоа едено одделение на чело со Димитар Бојанов имале судир со турска потера, во судирот загинале 10 војници, а останатите се разбегале. Четниците ги зазеле каменестите висови над Козле, а отаму сакале да ја привлечат потерата кон нив, но Турците заминале кон селото Козле, таму Турците фатиле 50 селни и ги повеле со себе. Тогаш четата отворила оган, а престрелката траела со вечерта.

Следниот ден Пушкаров имал судир со аскерот кај Ветренскиот манастир, комитетите немале жртви. По судирот кон четата на Пушкаров се присоединила четата на светиниколскиот војвода Боби Стојчев, кој тргнал за помогне во судирот [1].

На 5 август две чети, од 47 души, над манстирот св. Ѓорѓија дошле во судир со потера составена од арнаути и аскер. Востаниците имале добри укрепени позиции и од таму извршиле неколку напади. Преку денот Турците добиле засилувања од Велес, Штип, Куманово и Скопје. Во текот на ноќта востаниците успале да се повлечат, при повлекувањето еден востаник загинал, а тројца ранети. Пушкаров бегал две недели од турските потери со тројцата ранети комити. На 20 август четата на Пушкаров ја минала српската граница, србоманите останале во Србија, а Пушкаров отаму заминал за Бугарија, по што пристигнале во Ќустендил.

Во текот на целото востание во Скопскиот округ имало 15 борби. По едно во Прешевско, Малешевско, и Штипско, по две во Скопско и Кратовско и 4 борби имало во Кочанско. На 25 август Никола Дечев и Мурџев со чета од 152 души кај селото Луково имале борба која траела 15 часа во која дале 8 жртви. На 19 август четите на Ковачевц и Атанас Бабата од 90 души имале судир во планината Плавица кај Кратово, во судирот загинале 3 души.

Меѓу 5 и 20 септември имало 4 битки кој биле најкрвави во Скопскиот округ. На 5 септември четите на Христо Чернопеев, Тренев, Самарџиев, Кирил Прличев, Делчо Коцев, Жеков и Константинов, вкупно на број 250 души, кај селото Витоша се судриле со 8 заптии при што од Турците загинале 6-мина. Вториот ден се појавила бура и магла, а тоа придонело четата да се растури. Чернопеев со дел од востаниците кај Ново Село имал битка која траела цел ден. Друг дел пак од востаниците се бореле кај врвот Суклтантепе, таму комитетите дале 40 жртви.

Во сите битки во Скопскиот санџак паднале 95 востаници.

Извори уреди

  1. Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)

Предлошка:МРО