Изгубен викенд
Изгубен викенд (англиски: The Lost Weekend) - американски драма филм, добитник на оскар, од 1945, режиран од Били Вилдер (Billy Wilder), според сценариото на Чарлс Брекет (Charles Brackett), засновано врз истоимениот роман на Чарлс Р. Џексон. Во филмот глумат: Реј Миланд (Ray Milland), Џејн Вајман (Jane Wyman), Филип Тери (Phillip Terry), Хауард Да Силва (Howard Da Silva) и Дорис Даулинг (Doris Dowling). Во 2011 филмот бил додаден во Националниот филмски регистар во конгресната библиотека на САД. Овој филм му го донел првиот „Оскар“ на режисерот Вајлдер, а освоил уште три „Оскари“: за најдобар филм, за сценарио и за главна машка улога (Миланд). Со својата глума, Миланд (кој бил релативно непознат глумец) ги воодушевил критичарите, играјќи ја улогата реалистично и без претерување. Филмот се смета за една од најразработените студии на алкохолизмот, но некои му забележуваат на исфорсираниот среќен крај.[1]
„Изгубен викенд“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Вили Вилдер |
Продуцент | Чарлс Брекет |
Главни улоги | Реј Миланд Џејн Вајмен |
Музика | Миклос Роза |
Кинематографија | Џон Ф. Сиз |
Монтажа | Доен Харисон |
Дистрибутер | „Paramount Pictures“ (оригинално) „Universal Studios“ (моментално) |
Премиера | ноември 16 1945 |
Времетраење | 101 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $1,25 милиони |
Синопсис
уредиДон Бирнам (го игра Миланд) сака да стане писател. Поради неуспешните обиди да ги заврши започнатите раскази, кај него се јавува несигурност и фрустрација, а како последица на тоа, запаѓа во алкохолизам. Неговиот брат Вик (го игра Тери) се обидува да му помогне така што ќе го однесе в село. Меѓутоа, Дон успева да се извлече од несаканото патување така што ја наговара свршеницата Хелен (ја игра Вајман) да појде во театар заедно со Вик. За тоа време, Дон успева да побегне и оди во блискиот бар, каде се опива, а потоа продолжува со пиењето. Најпосле, кога нема повеќе пари, најпрвин се обидува да ја украде чантата на една дама во барот, а потоа сака да ја продаде машината за пишување, но сите заложни куќи се затворени. Во очај, тој оди кај една девојка (која го сака) и од неа добива пари, но веднаш потоа, паѓа по скалите и се онесвестува. Кога се буди, дознава дека се наоѓа во болницата, во одделот за алкохоличари. Сепак, тој успева да побегне и се враќа дома, решен да изврши самоубиство, но во тоа го одвраќа Хелен, која го убедува дека може да стане успешен писател, ако пишува за своето животно искуство.[1]
Надворешни врски
уреди- The Lost Weekend на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- The Lost Weekend на филмската база TCM
- The Lost Weekend — AllMovie (англиски)
- Изгубен викенд преглед на филмот на filmsite.org
- Изгубен викенд на „Screen Guild Theater“: 7 јануари 1946
Наводи
уреди|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>