Tenthredo mesomela
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. mesomela
Научен назив
Tenthredo mesomela
Linnaeus 1758

Tenthredo mesomela е вид на растителна оса од семејството Tenthredinidae (обични пиласти оси), потсемејство Tenthredininae.[1]

Опис

уреди

Tenthredo mesomela може да достигне должина од околу 10-15 милиметри. Овие оси имаат жолто до јаболко зелена боја на телото, со црна глава, градниот кош и горниот дел на стомакот, додека пронотумот и скутелумот се жолти. Тие се разликуваат од многу слични видови на родот Rhogogaster според позицијата на очите и според нивните црни птеростигми (видовите Rhogogaster имаат зелена птеростигма).[2][3]

Возрасните единки може да се сретнат од мај до јули, и се хранат со мали инсекти и со нектар и полен од цвеќиња (особено од видовите штитоцветни). Ларвите се хранат ноќе со лисја од видовите лутиче) и видовите троскоти.[3][4]

Живеалиште

уреди

Овој вид може да се најде на ливадите, покрај патиштата и на шумските рабови во поголемиот дел од Европа.[4][5] Видот може да се сретне во западниот дел на Македонија.[6]

Наводи

уреди
  1. „Encyclopaedia of Life“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-02-23.
  2. Aramel.free.fr
  3. 3,0 3,1 Naturespot
  4. 4,0 4,1 Commanster
  5. „Fauna Europaea“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2021-02-23.
  6. Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 208-209