Selective Repeat ARQ / Selective Reject ARQ е специфичен пример на Automatic repeat-reQuest (ARQ) протокол. Може да се користи како протокол за испракање и примање на пораки, или може да се користи како протокол за пренос на пораки поделени по единици.

Кога се користи како протокол за пренос на пораки, процесот на испракање продолжува испракајки голем број на рамки утврдени со големината на прозорецот и со загуба на една рамка. За разлика од Go-Back-N ARQ, процесот на примање продолжува со прифаќање и признавање на рамки испратени по првичната грешка, ова е општ случај на лизгачки-прозорец протокол со пренесување и примање големина на прозорците кои се поголеми од 1.

Процесот на приемникот го следи процесот на реден број од најраната рамка која не ја примил и го праќа тој број со секоја потврда (ACK). Ако една рамка од испраќачот не допира до примачот, испраќачот продолжува да праќа свои последователни рамки сè додека не го испразни својот прозорец. Приемникот продолжува да го полни својот прозерец со следните рамки и одговара секогаш со ACK кој содржи реден број од најраните рамки. Откако испраќачот ќе ги испрати сите рамки во овој прозорец, ќе се ре-испрати рамката со бројот даден од страна на ACK, а потоа пак продолжува.

Големината на праќање и примање на прозорците мора да бидат еднакви, и половина од редниот број (предпоставувајќи дека секвенца броеви се нумерирани од 0 до n-1) за да се избегне погрешна комуникација во сите случаи. За да се разбере ова, го разгледуваме случајот кога сите ACK се уништени. Испраќачот го движи овој прозорец за секој пакет.[1]

Кога се користи како протокол за испорака на поделени пораки работи малку поинаку. Не постојат канали каде што пораките може да бидат варијабилни во должина, стандарден или хибриден ARQ протоколите може да се третираат на пораката како една единица. Наизменично реемитување може да биде во врска со основните ARQ механизми каде што пораката е поделена во под-блокови (обично на фиксна должина) во процес наречен пакет сегментација. Оригиналната променлива должина на пораката е претставен како сплет на променлив број на под-блокови. Додека во стандардниот ARQ, пораката како целина е или признаен (ACKed) или негативно (Naked), во ARQ со селективен пренос дополнително има знаме со кое со укажува идентитетот на секој под-блок кој е успешно примен. Во ARQ со селективен пренос со рееминутање на поделени пораки со секое реемитување се намалува должината,а треба да содржат само под-блокови.

Во повеќето модели на пораки со променлива должина, веројатноста за грешка при слободен прием се намалува обратно пропорционално со зголемувањето на должината на пораката. Со други зборови тоа е полесно да примите порака која е подолга. Затоа стандард ARQ техниките вклучуваат променлива должина на пораки со зголемени тешкотии за доставување повеќе пораки, како што секој се повторува со целосна должина. Селективниот ARQ применува променлива должина пораки и целосно ја елеминира потешкотијата за пракање повеќе пораки, како што успешно е претставено со под-блокови кои се задржуваат по секој пренос, а бројот на заостанати под-блокови се намалува со следниот пренос.

Примери уреди

Transmission Control Protocol користи варијанта на Go-Back-N ARQ за да обезбеди сигурен пренос на податоци преку интернет протокол, кој не обезбедува гарантирана испорака на пакети, со селективни потврди и користи селективно повторување ARQ.

На ITU-T G.hn стандард, обезбедува начин да се сознаде голема брзина (до 1 гигабит во секунда)во локалната мрежа користејки постоечки електрични водови, телефонски линии и коаксијални кабли, користи селективно повторување ARQ за да обезбеди сигурен пренос на бучни медиуми. G.hn користи сегментација на пакетите со под-поделба на пораките на помали единици, за да ја зголеми веројатноста дека секоја единица односно порака е примена правилно.

Наводи уреди

  1. Tanenbaum, Andrew S. (2003). Computer networks. Upper Saddle River, New Jersey: Prentice Hall. стр. 223. ISBN 0-13-066102-3.[се бара страница]

Надополнување уреди

  • Comroe, R.; D. Costello (1984). „ARQ schemes for data transmission in mobile radio systems“. IEEE Journal on Selected Areas in Communications. 2: 472–481. doi:10.1109/JSAC.1984.1146084.

Надворешни врски уреди