Sandy Bell's (изговорено: Санди Белс) ― музички паб во Единбург, Шкотска. Познат е како месно, така и меѓународно по традиционалните музички сесии во живо.[1][2] Редовно бил посетуван од фолклористот Хамиш Хендерсон[3] пред неговата смрт во 2002 година, и заради тоа има биста на Хендерсон прикажана над барот.[4] Првично познат како „The Forrest Hill Bar“, пабот го зел своето име од сопственичката на зградата во 1920-тите, госпоѓа Бел, иако потеклото на името „Sandy“ е непознато.[5]

Sandy Bell's

Во текот на седумдесеттите години од минатиот век, во просториите бил снимен албум со наслов „Sandy Bell’s Ceilidh“, вклучително и настапи на Али Бејн, Дик Гоган и Мекалманс.[6]

Наводи

уреди
  1. „Barbara Dickson: Women are consigned to the bin over a certain age, so I want to be a funky old lady“. Heraldscotland.com. Посетено на 28 јануари 2021.
  2. „City pubs were jam packed with folk“. Scotsman.com. Архивирано од изворникот на 2019-03-06. Посетено на 28 јануари 2021.
  3. „Sandy Bell's“. Scotlandspubsandbars.co.uk. Посетено на 28 јануари 2021.
  4. „Hamish Henderson returns to Sandy Bell's“. Lesleyriddoch.co.uk. Архивирано од изворникот на 2019-03-06. Посетено на 28 јануари 2021.
  5. „Sandy Bells - History“. Sandybells.co.uk. Архивирано од изворникот на 2019-03-06. Посетено на 28 јануари 2021.
  6. „Greentrax Recordings“. Greentrax.com. Посетено на 28 јануари 2021.