Жолтоклуна галка

(Пренасочено од Pyrrhocorax graculus)
Жолтоклуна галка
Black crow-like bird with yellow bill perched on rock with valley in the background
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Врани
Род: Галки
Вид: Жолтоклуна галка
Научен назив
Pyrrhocorax graculus
(Linnaeus, 1766)
Постојан жител е во планините на Мароко, Шпанија, јужна Европа, централна Азија, Индија и Кина
Приближната распространетост е претставена со зелено

Жолтоклуна галка (Pyrrhocorax graculus)е врапчевидна птица од фамилијата на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax). Двата подвида се размножуваат низ високите планини на Шпанија, низ јужна Европа, вклучувајќи ја и Северна Македонија, Северна Африка, Индија, Кина.[2]

Опис уреди

Жолтоклуната галка има сјајно црно перје, жолт клун, црвени нозе и препознатлив повик. Има должина од 37-39 сm и распон на крилјата 75-85 сm. Лета со многу раширени и назабени примарни пердуви, со често лебдење. Летот на оваа птица е брз и акробатски, со поретки, длабоки замавнувања на крилјата.[3]

Размножување уреди

Жолтата галка е моногамна птица. Гнездото го сместува во пештера, длабока пукнатина во карпа или напуштен објект. Леглото има 3-5 сјајни белкави јајца со ситни кафеави дамки. Ембрионот на птиците кои се размножуваат на голема надморска височина имаат хемоглобин со генетски определен висок афинитет за кислород.[4]

Живеалиште уреди

Живеалиштето на жолтоклуната галка се високите планини помеѓу 1260 и 2880 м.н.в. во Европа, 2880-3900 м.н.в. во Мароко и 3500-5000 м.н.в. на Хималаи. Во текот на летото, оваа птица се храни главно со без ‘рбетници кои ги собира од пасиштата, како што се бумбарите, полжавите, скакулците, гасениците, мувите и слично. А во есен и рана пролет се исхранува главно со овошје и бобинки.[5]

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Pyrrhocorax graculus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. НП Галичица
  3. НП Галичица
  4. НП Галичица
  5. НП Галичица