Монте Карло, злато

(Пренасочено од Nous irons à Monte Carlo)

'Монте Карло, злато е британска комедија од 1951 година. Во него се појавува Одри Хепберн во улога на разгалена глумица. Најголем дел од биографите на Хепберн велат дека за време на снимањето на овој филм, драмската авторка Колет ја забележала Хепберн и ја повикала да ја игра главната улога во нејзината претстава Жижи, која на Одри ќе ѝ помогне да ја започне блескавата кариера во Холивуд.

Филмски постер за Монте Карло, злато

Монте Карло, злато е продуциран на англиски јазик. Сепак, направена е и втора верзија на француски. Бидејќи Хепберн одлично зборувала француски, таа двапати ја играла истата улога (иако името на ликот било променето). Француската верзија на филмот се емитува во текот на 1952 година под името Nous irons à Monte Carlo (Ќе одиме во Монте Карло). Според некои извори, англиската верзија е снимана симултано со француската и е пуштена една година по неа, односно во 1953 година.

Надворешни врски уреди