Macedonialovesyou.euмрежно место посветено на Македонија и создадена од страна на Полјакот Станислав Пигоњ и дизајнирана од M2 Graphics и Марек Мантужик. Порталот е регистриран на 13 септември 2007 г. и содржи слики, текстови и репортажи од различни делови на Македонија поврзани со убавините на државата и нејзиното историско и културно наследство.

macedonialovesyou.eu
URL http://www.macedonialovesyou.eu/
Комерцијална?не
Тип на место Приватен портал
Регистрацијанема
Достапни јазици:англиски и македонски
Сопственик Станислав Пигоњ (Stanisław Pigoń)
Создавач M2 Graphics и Марек Мантужик (Marek Mantużyk)
Пуштена13 септември 2007
Моментален статусактивна

Почетоци уреди

Страницата е регистрирана на 13 септември 2007 година од страна на Станислав Пигоњ и ја регистрирал од љубов кон Македонија и македонските пријатели. Веднаш по самото регистрирање страницата побудила голем интерес и тоа било мотив за понатамошен развиток на проектот. Авторот, Станислав Пигоњ, бил вработен привремено во Македонија и по неговото враќање во Полска веднаш ја реализирал замислената идеја и проект. Денес страницата е посетувана од луѓе од над 150 различни држави и има голем интерес во јавноста[1].

Поради големиот интерес за страницата, Станислав Пигоњ регистрирал уште два домеина во Грција сè со цел да се претстави подобро Македонија и да се избришат националистичките стереотипи. Нивното започнување се очекува наскоро. Овие два домеина се: www.macedonialovesyou.gr и www.lovemacedonia.gr[2].

Содржина уреди

Порталот се состои од неколку оддели, меѓу главните се:

  • „Убавините на Македонија“
  • „Сè за Македонија“
  • „Љубов Македонија“

Секој оддел е поделен на неколку пододдели, со слики и репортажи за Македонија проследени со мал текст и карта на местото за кое има слика. Одделот „Сè за Македонија“ е поделена на четири пододдели кои се наменети за почетници-познавачи на Македонија, за понапредни познавачи на Македонија, сезоните во Македонија и македонските вина и јадења. Одделот „Убавините на Македонија“ ги претставува природните убавини на Македонија и културното и историското наследство на државата. Покрај овие има уште многу други пододдели.

Порталот се менува и прилагодува според секое сезонско време, па така има летен, пролетен, есенски и зимски дизајн. Покрај големиот број на галерии и репортажи оваа семрежна страница има вклучено и оддел со снимени фрази од македонскиот јазик, оддел за писма и коментари на посетителите и оддел каде луѓе од Македонија испраќаат слики и текстови поврзани со секојдневни настани како што се свадби, излети и слично сè со цел поблиску да се претстави Македонија. Овој оддел вклучува и писма од светот кои биле испратени како пофалби до страницата.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „About macedonialovesyou.eu“. Архивирано од изворникот на 2010-01-07. Посетено на 2009-09-20.
  2. Грција регистрирала два нови домеина[мртва врска]

Надворешни врски уреди