Отвори го главното мени
< 2 век п.н.е. 1 век п.н.е. 1 век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100
Светот во првиот век п.н.е.
Источната хемисфера во 100-тата година п.н.е.

1 век пред нашата ера (п.н.е.) започнал на 1 јануари 100 год. п.н.е. и завршил на 31 декември 1 год. п.н.е.

Означувањето на пред новата ера/новата ера не користи нулта година; сепак, астрономското нумерирање на годините користи нулта година, како и знакот минус, така што „втора година п.н.е.“ (2 п.н.е.) е еднакво на „-1 година“. Ова е стотиот век во Холоценскиот календар, а ги опфаќа годините 9,901-10,000. По овој век следи првиот век од новата ера (н.е.).

Во тек на овој век сите преостанати независни земји околу Медитеранот биле постепено ставени под римска контрола, управувани директно со гувернери или со кралски марионети назначени од Рим. Самата римска држава била втурната во неколку граѓански војни, што конечно резултирало со завршување на 500-годишната република и создавање на империја со поминување на целокупната власт во рацете на еден човек – императорот.

Внатрешните превирање кои се случувале во Рим во тоа време значеле смрт за Римската република и овозможиле издигнување на моќни историски личности со автократски амбиции, како што се: Сула, Јулиј Цезар, Марко Антониј и Октавијан Август.[1] Прогласувањето на Октавијан во император Август, како единствен властодржец во Римската империја, претставувало историски пресврт кој го означил крајот на Римската република и почетокот на Римската империја.[1] Некои историчари овој настан го нарекуваат Римска револуција. Се смета дека раѓањето на Исус, централната фигура во христијанството, се случило на крајот од овој век. На азискиот континент, во втората половина на првиот век п.н.е., дошло до постепено пропаѓање на династијата Хан, а кралскиот двор во Кина бил во хаос. Истовремено затекнати од тешката ситуација граничните номадски племиња Хунну морале или да мигрираат на запад или да се присоединат на династијата Хан.[2]

НастаниУреди

90-ти п.н.е.Уреди

 
Луциј Корнелиј Сула, римски генерал и државник

80-ти п.н.е.Уреди

 
Митридат VI

70-ти п.н.е.Уреди

 
Ху Гуанг

60-ти п.н.е.Уреди

 
Тигран Велики
  • 69 п.н.е.: Луциј Лукул Помладиот ја нападнал Ерменија (битката кај Тиграноцерта) и повторно ги донел на власт Селевкидите во Сирија.
  • 68 п.н.е.: Помпеј го заменил Лукул како водач на римската војска во Третата Митридатска војна.
  • 68 п.н.е.: Ху Гуанг починал, а императорот императорот Ксуан од династијата Хан превзел целосна власт. Во следните две години кланот на Ху бил елиминиран.
  • 67 п.н.е.: Помпеј добил тригодишен Lex Gabinia за борба против пиратите во Медитеранот, а ги победил за 40 дена.
  • 66 п.н.е.: Помпеј го истерал Мидридат VI од Мала Азија (Битката на Лику).
  • 66 п.н.е.: Аристобул II ја превзел власта од Хиркан II во Јудеја.
  • 63 п.н.е.: Мидридат VI извршил самоубиство, со што завршила Третата Митридатска војна.
  • 63 п.н.е.: Цицерон го обелоденил Каталинскиот заговор.
  • 63 п.н.е.: Помпеј го завзел Ерусалим и ја анектирал Јудеја и ја укинал Селевкидската династија во Сирија. Аристобул II бил симнат од власт, а бил поставен Хиркан II како римски вазал.
  • 62 п.н.е.: Набатејското кралство станало римски вазал.
  • 61 п.н.е.: Оргеторикс и Хелветите се обиделе во мигрираат во југозападна Франција, што било причина Јулиј Цезар да ги започне Галските војни.
  • 60 п.н.е.: Јулиј Цезар, Помпеј Велики и Марко Лициниј Крас го создале Првиот триумвират.
  • 60 п.н.е.: Сака го покорува градот Матура во Утар-Прадеш.

50-ти п.н.е.Уреди

40-ти п.н.е.Уреди

 
Клеопатра со нејзиниот син Птоломеј XV Цезарион, прикажани во храмот Дендера.
 
Гај Јулиј Цезар

30-ти п.н.е.Уреди

 
Гај Јулиј Цезар Август

20-ти п.н.е.Уреди

 
Ливија Друсила

10-ти п.н.е.Уреди

0-ти п.н.е.Уреди

  • 9 п.н.е.: Панонија била припоена на Римската империја од идниот император Тибериј.
  • 8 п.н.е.: Ванг Манг станал водач на кинеската војска и администрација.
  • 7 п.н.е.: Починал императорот Ченг од династијата Хан и го наследил неговиот внук Аи.
  • 6-4 п.н.е.: Исус од Назарет бил роден.
  • 4 п.н.е.: Јудејското кралство било анектирано во рамките на римската провинција Сирија по смртта на кралот Херод.
  • 2 п.н.е.: Императорот Аи од династијата Хан го назначил Донг Ксијан за водач на кинеската армија и администрација.
  • 1 п.н.е.: Починал императорот Аи од династијата Хан, а бил наследен од неговиот 8-годишен роднина Пинг. Ванг Манг бил назначен за регент и започнал големи реформи.

ЛичностиУреди

 
Помпеј Велики
 
Цицерон

ЛитератураУреди

 
Вергилиј, римски поет

Наука и филозофијаУреди

 
Страбон, старогрчки географ, филозоф и историчар

ОткритијаУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad.. стр. 180-202. 
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad.. стр. 308-315. 
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 „Roman Timeline of the 1st Century BC | UNRV.com“. www.unrv.com. конс. 2018-09-04.