ГАБА рецептори се класа на рецептори кои одговараат на невротрансмитерот гама-аминобутерна киселина (GABA), главното инхибиторно соединение кај целосно зрел централен нервен систем кај ‘рбетниците. Постојат две класи на GABA рецептори: GABAA и GABAB. GABAA рецепторите се јонотропни рецептори; додека GABAB рецепторите се врзани за G белковина, односно метаботропни рецептори.

Гама-аминобутерна киселина