DD Sythesis (музички албум)
DD Synthesis - музички албум на истоимената македонска етно-група, објавен во 1996 година во издание на JSF Records.
Содржина уреди
Албумот содржи осум композиции:[1]
- Готен
- Две девојки
- Селска игра
- Клетва
- Ајде поминувам заминувам
- Љубов и смрт
- Чума
- Времиња
За албумот уреди
Сите композиции на албумот се народни во аранжман на Драган Даутовски, со исклучок на „Селска игра“ и „Љубов и смрт“. Албумот е снимен и миксан во студиото „Тиволи“ во Љубљана, во мај-јули 1996 година, со исклучок на „Клетва“ која е снимена во ноември 1995 година во Скопје. Инженер на звукот е Јанез Крижај, дизајнот е дело на Милчо Серафимовски, фотографиите се дело на Ванчо Каранфилов и Георги Христовски, продуценти се Драган Даутовски и Оливер Белопета, кој е и извршен продуцент. Делумно, албумот бил финансиран од министерството за култура на Македонија.[2]