Фестивал на кафето, чајот и топлите напитоци "Kofi fest" (CoffeFest) прв пат се одржал во Белград на 26 ти и 27 ми септември 2014 година.[1] На фестивалот учествувале повеќе од 30 водечки произведувачи на кафе од регионот и светот, а на посетителите им биле претставени новите трендови и начинот на припрема. За професионалците кои се бават со кафе, биле предвидени и панели, како би се усовршиле и учествувале во натпреварувањето бариста. Посетителите биле во можност да сознаат кој пат го проаѓа кафето од билка до филџан, како се пие во различните делови во светот, и како влијае на здравјето. За најмладите било осмислено дружење со аниматори, а за децата без родители се собрале средства во рамките на хуманитарната акција "Кафе со срце" и "Кафе со познатите". Фестивалот бил подржан од Министарството за трговија, туризам и телекомуникации, Градот Белград, Туристичка Организација на Белград, како и Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Белград.[2]

Наводи

уреди
  1. Beta. „Prvi festival kafe u Beogradu 26. i 27. septembra“. Blic.rs (српски). Посетено на 2019-06-04.
  2. „Prvi CoffeFest u Srbiji“. WANNABE MAGAZINE (англиски). 2014-07-22. Посетено на 2019-06-04.