"City of Blinding Lights" е песна од рок бендот U2. Тоа е петтата песна од нивниот албум од 2004, How to Dismantle an Atomic Bomb и бил издаден како четврти сингл од албумот на 6 јуни, 2005. Песната се искачила на топ десет хитовите во Ирска, во Обединетото Кралство, и неколку други држави. Музичкотот видео е снимано во Ванкувер, Британска Колумбија.

„City of Blinding Lights“
Сингл од U2
од албумот How to Dismantle an Atomic Bomb
Издаден 6 јуни, 2005
Формат ЦД сингл, ДВД сингл, мини ЦД сингл
Снимен Хановер Куај Студиос во Даблин, Ирска
Жанр Рок
Должина 5:47 (албум)
4:11 (сингл)
Издавачка куќа Island/Interscope
Композитор U2 (музика), Боно (текст)
Продуцент Flood
Хронологија на синглови на U2
"Sometimes You Can't Make It on Your Own"
(2005)
"City of Blinding Lights"
(2005)
"Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band" (со Паул Мекартни)
(2005)

Првите верзии на песната се развиле уште за време на сесиите на албумот Pop во 1997 година. Текстот е напишан од водечкиот пејач на групата, Боно, кој бил инспириран од своето прво патување во Лондон, а исто така и од искуството на настапот на гупата во Њујорк за Терористичките напади од 11 септември 2001 година Исто така тој во песната е инспириран и од неговата врска со својата жена. Звукот на песната е спореден со тонот на албумот на U2 од 1984 година, The Unforgettable Fire и нивниот сингл од 1987 "Where the Streets Have No Name".

"City of Blinding Lights" е добро примена меѓу обожавателите и критичарите, има добиено многу пофалби, а ги има освоено и Греми Награди за Најдобра Рок Песна на церемонијата во 2006. Песната за првпат била испеана во живо за време на турнејата, Vertigo Tour, кога била испеана како песна со која започнала таа турнеја и оттогаш е испеана на секој концерт и на секој настап во живо на U2. Песната е користена во епизодите на сериите The Simpsons и Entourage, и во филмот Ѓаволот носи Прада. Барак Обама ја користел во неговите кампањи, за време на Претседателски избори на Соединетите Американски Држави во 2008 и ја вклучил во една од неговите омилени песни. U2 ја изведувале песната на неговата кога тој победил на изборите.

Позадина и инспирација

уреди
 
Боно ја изведува песната во 1983.

U2 ја развиле песната "City of Blinding Lights" од песна наречена "Scott Walker", извадок од албумот на бендот од 1997 година, Pop.