C1 комплекс
C1 комплексот е белковински комплекс кој учествува во системот на комплемент. Тој е прва компонента од класичниот пат на активација на комплементот и е составен од C1q, C1r и C1s.[1][2][3]
Структура
уредиC1 комплексот е составен од 1 молекула на C1q, 2 молекули на C1r и 2 молекули на C1s, или C1qr2s2.[2][3]
Функција
уредиАктивација на C1 комплексот го иницира класичниот пат на активација на комплементот. Ова се случува кога C1q се врзува за антиген-антитело комплекс. Антитела како IgM или одредени подкласи на IgG комплексирани со антигени имаат способност да го иницираат системот на комплемент: еден пентамерен IgM може да иницира активација, додека кај IgG се потребни неколку мономерни молекули.[3]
Наводи
уреди- ↑ Janeway, CA Jr; Travers P; Walport M; и др. (2001). „The complement system and innate immunity“. Immunobiology: The Immune System in Health and Disease. New York: Garland Science. Посетено на 29 December 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Abbas, Abul (2015). Cellular and molecular immunology. Philadelphia, PA: Elsevier Saunders. стр. 70–71. ISBN 978-0-323-28645-9.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 A., Owen, Judith (2013). Kuby immunology. Punt, Jenni., Stranford, Sharon A., Jones, Patricia P., Kuby, Janis. (7. изд.). New York: W.H. Freeman. стр. 190–194. ISBN 9781429219198. OCLC 820117219.