Беркли (музички колеџ)

(Пренасочено од Berklee College of Music)

Беркли колеџот за музика (англиски: Berklee College of Music) е независна музичка школа во Бостон, Масачусетс (САД) со многу познат факултетски кадар, дипломирани студенти, и уметнички гости. Се смета за една од најпрестижните школи за модерна музика во САД и во светот. Во него се запишани приближно 3,800 студенти и има околу 430 професори и универзитетски кадар - ова го прави најголема приватна музичка школа во САД. Колеџот запишува 26 % странци и 25 % женски студенти. Беркли нуди целосно акредитирана четиригодишна диплома. Цената за една година студии изнесува приближно 20,350 американски долари. Претседател на Беркли е Роџер Браун.

Беркли(музички колеџ)
ГеслоTo be, rather than to seem (англиски)
ВидПриватен
Основан1945
Доделени средства
$197.0 милиони
ПретседателРоџер Бровн
Студенти4,270
МестоБостон, Масачусетс, USA
БоиЦрвена и сива           
berklee.edu

Беркли е создаден од Лоренс Берк во 1945 како "Шилингер музичка куќа", од почит спрема Џозеф Шилингер. Лоренс Берк го променил името на школата во "Беркли колеџ за музика" според својот син Ли Берк, во 1954, и под тоа име во 1973 школата била официјално регистрирана. При неговото формирање, колеџот задоволил огромна академска потреба, бидејќи не постоела друга школа за модерна музика. Денеска, Беркли се обидува да ја редефинира својата улога и да ја задржи високата репутација, и заради тоа донел нова развојна политика до 2015 година.

Беркли колеџот за музика не треба да се меша со подеднакво реномираниот универзитет на Калифорнија, Беркли.