Ени Хол

(Пренасочено од Annie Hall)

„Ени Хол“ (англиски: Annie Hall) е американски комичен филм од 1977 година, режиран од Вуди Ален, кој е автор и на сценариото, заедно со Маршал Брикмен. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Вуди Ален, Дајан Китон, Тони Робертс, Пол Сајмон, Керол Кејн, Шели Дувал, Кристофер Вокен итн. Филмот, кој се смета за најдоброто остварување на Ален, е снимен на границата меѓу „смешната“ и „озбилната“ фаза во неговото творештво. Станува збор за романтична комедија која ги спојува бурлеската од Аленовите први филмови и слепстик комедијата со стилските експерименти и потребата од вметнување интелектуални референци, а истовремено се работи за веројатно најемотивниот Аленов филм. Голема заслуга за тоа имаат и автобиографските елементи во филмот: за време на снимањето, Ален живеел заедно со Дајан Китон, неговиот пријател во филмот го глуми токму Аленовиот најдобар пријател Тони Робертс, додека насловниот лик на интелектуалниот комичар во голема мера одговара на Вуди Ален. Филмот „Ени Хол“ освоил четири награди „Оскар“, и тоа: за најдобар филм, за режија, за сценарио и за главна женска улога.[2]

„Ени Хол“
Филмскиот плакат
РежисерВуди Ален
ПродуцентЧарлс Џофи
СценаристВуди Ален
Маршал Брикмен
Главни улогиВуди Ален
Дајан Китон
Тони Робертс
Керол Кејн
Пол Сајмон
Шели Дувал
Кристофер Вокен
Колин Духарст
КинематографијаГордон Вилис
МонтажаРалф Росенблам
ДистрибутерUnited Artists
Премиера20 април 1977
Времетраење93 минунти
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$4 милиони
Бруто заработка$38.251.425[1]

Синопсис

уреди

Невротичниот комичар Алви Сингер (го игра Ален) се присетува на својата најголема љубов Ени Хол (ја игра Китон), преиспитувајќи ги причините за прекинот на нивната врска пред една година. Инаку, Алви веќе 15 години редовно го посетува психијатарот, а уште како дете паѓал во депресии и сметал дека учениците од неговото одделение се кретени. Подоцна, тој бил двапати оженет, а еден брак му се распаднал затоа што тој и либерална сопруга (ја игра Кејн) не можеле да се сложат околу тоа како бил убиен Џ. Ф. Кенеди. Сепак, неговата најголема љубов е Ени Хол, припроста и збунета девојка која ја запознал на тенис. Онака како што се вљубувал во неа, Алви постепено почнал да ја убедува да се посвети на нејзиното хоби — пеењето. Така, Ени започнува да посетува вечерен курс по пеење, но кога таа се развила од девојка во жена, врската со Алви ѝ станала тесна...[3]

Наводи

уреди
  1. „Бокс Офис информации за „Ени Хол". „Box Office Mojo“. Посетено на 29 јануари 2012.
  2. Annie Hall, američki film (пристапено на 28.10.2023)
  3. Annie Hall, američki film (пристапено на 28.10.2023)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>