Alosa macedonica
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Зракоперки
Ред: Харинговидни
Семејство: Clupeidae
Род: Alosa
Вид: A. macedonica
Научен назив
Alosa macedonica
(Винчигуера, 1921)

Alosa macedonicaезерски вид на риба од семејството Clupeidae, ендемична во Егејска Македонија, денешна Грција.[1] Нејзината единствено природно живеалиште е слатководното Бешичко Езеро. Му се заканува губење на живеалиштето.[1]

Биологија

Alosa macedonica е припадник на родот Alosa, чии други видови често анадромно се преселуваат помеѓу морските и слатките води.[2] Истражувањата покажуваат дека предците на Alosa macedonica живееле во морските региони на Егејското Море.[2]

Alosa macedonica имаат заби во непчената коска и ралникот.[2] Тие имаат приближно 50 пршлени и 106-128 жабрени греблачи.[2] Тие се во должина од околу 181-230 мм и се мрести околу месеците јули и август.[2]

Освен во Белшичкото Езеро, овој вид претходно бил присутен и во Лагадинското Езеро, но во 1995 година езерото пресушило и ги убило сите риби.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Crivelli, A.J. (2006). Alosa macedonica. Црвен список на загрозени видови. 2006: e.T905A13092853. doi:10.2305/IUCN.UK.2006.RLTS.T905A13092853.en. Посетено на 24 септември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 D. C. Bobori; E. T. Koutrakis; P. S. Economidis (2001). „Shad Species In Greek Waters – An Historical Overview And Present Status“ (PDF). Bulletin Français de la Pêche et de la Pisciculture. 362-363 (362–363): 1101–1108. doi:10.1051/kmae:2001039. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 јануари 2014. Посетено на 24 септември 2022.

Надворешни врски