Adeva (на кирилица Адева) — македонска стартап компанија која работи со софтверски компании и технолошки стартапи. Основната услуга на компанијата е помош при создавање или проширување на програмерски тимови со дистрибуирани програмери (софтверски инженери, дизајнери и инженери за контрола на квалитет). Компанијата има детален процес на избор и оценка на талентите со кои работат, а особен акцент ставаат на личните одлики на талентите.[1]

Adeva
Дејностпрограмирање, семрежно надворешно изведување и човечки ресурси
Основано2015
СедиштеСкопје, Македонија
Клучни личности
Катерина Трајчевска (CEO)
Тошо Трајанов (CTO)
Мреж. местоadevait.com

Компанијата има започнато и поддржано бројни иницијативи за развој на технолошкиот и еко-системот на стартапи во Македонија, како на пример Femalebootcamp, GoogleIO и Hacktoberfest.[2]

Историја уреди

Adeva е основана во јануари 2015 година од двајца софтверски инженери со цел поврзување на локалните таленти со врвни стартапи од САД, но подоцна се имаат проширено и на пазарот во Европа.[1]

Во ноември 2016, компанијата била издвоена како компанија на иднината од страна на локалниот медиум Reborn.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „ИТ Индекс: Adeva IT – македонската софтверска компанија чии производи се пласираат на светскиот пазар“. Архивирано од изворникот на 2017-09-22. Посетено на 2018-07-23.
  2. „Започнува првиот Bootcamp за развој на ИТ вештини за жени во Македонија“. Архивирано од изворникот на 2018-03-31. Посетено на 2018-07-23.
  3. „Нашата стартап приказна: Катерина Трајчевска и Тошо Трајанов од „Adeva". Архивирано од изворникот на 2019-04-21. Посетено на 2018-07-23.