Педесет и прва македонска дивизија

(Пренасочено од 51 Македонска дивизија)

Педесет и прва македонска дивизија на НОВЈ формирана е на 19 октомври 1944 година во селото Широк Дол кај Берово.[1] При основањето, во нејзиниот состав влегле Првата, Дваесеттата, Дваесет и првата македонска и Артилериската бригада на 51-та дивизија на Народноослободителната војска на Југославија. Во нејзиниот состав тогаш имало вкупно 2.476 борци и офицери. Подоцна, бројот пораснал на 6.689 борци и офицери.

Педесет и прва македонска дивизија
Формирање на 51-та македонска дивизија на НОВЈ во селото Широк Дол, октомври 1944 година
Активна19 октомври 1944 – декември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Кирил Михајловски
Извештај на 51 дивизија за настани на теренот (28 октомври 1944 г.).

Команден состав

уреди

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Командантот на дивизијата, Кирил Михајловски, бил прогласен за народен херој на Југославија.

Борбени дејства

уреди

Оваа дивизија учествувала во завршните операции за ослободување на Македонија, во текот на октомври и ноември 1944 година, на релациите: Дојран-Валандово-Струмица-Радовиш и Струмица-Ново Село-бугарска граница, во состав на Брегалничко-струмичкиот корпус на НОВЈ.

По ослободувањето на Струмица и Радовиш, распоредена е на југословенската граница од Гевгелија до тромеѓето на границата со Бугарија. Преименувана е во декември 1944 година, кога го добила формацискиот број „Педесетта“, на место на укинатата истоимена дивизија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 184-186

Литература

уреди