Четириесет и прва македонска дивизија

(Пренасочено од 41 Македонска дивизија)

Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ е основана на 25 август 1944 година во селото Шешково кај Кавадарци.[1] При основањето, во нејзиниот состав влегле: Четвртата, Деветтата и Десеттата македонска бригада, а подоцна и Единаесеттата македонска ударна бригада. Дивизијата формациски делувала под команда на ГШ на НОВ и ПОМ, кон средината на октомври 1944 година, влегла во состав на Петнаесеттиот корпус на НОВЈ, а по воената реорганизаија од декември 1944 година, повторно паднала под директна команда на ГШ на НОВ и ПОМ.[1]

Четириесет и прва македонска дивизија
Активна25 август 1944 – крајот на 1944
Битки
Команданти
Истакнати
команданти
Тихомир Милошевски
Формирање на 41 дивизија, село Шешково, август 1944.

Команден состав

уреди

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Борбени дејства

уреди
 
Споменик во Шешково посветен на Четириесет и првата дивизија

Четириесет и првата македонска дивизија учествувала во борбите во Тиквешко, во Повардарието, кај Прилеп и во долината на реката Вардар, против непријателските сили кои се повлекувале од Грција. При формирањето оваа дивизија броела 1.300 борци, а на крајот дури 5.181 борци и офицери. По капитулацијата на Бугарија, оваа дивизија воспоставила контакт со бугарскиот прилепски гарнизон за заеднички дејства против Германците во пределот на Битола. Така, на 9 септември 1944 година заедно со бугарскиот гарнизон го ослободиле Прилеп, кога биле заробени околу 300 германски војници и околу 60 воени возила и опрема.[1] Потоа, од 11 до 16 септември 1944 година следувале остри борби со германските единици од составот на борбената група Гулман и Пабст.

Во декември во состав на оваа дивизија влегле: Осмата, Дванаесеттата и Седумнаесеттата македонска ударна бригада. До крајот на 1944 година и почетокот на 1945 година, оваа дивизија учествувала во завршните борби за ослободување на Косово, во борбите против остатоците на балистичките сили во реонот Качаник-Урошевац-Гнилање.

Литература

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 171-173