26 Просерпина

астероид

Просерпина (ознака за мала планета: 26 Просерпина) — астероид од главниот појас откриен од германскиот астроном Р. Лутер на 5 мај 1853 година. Името го добил по римската божица Просерпина, ќерката на Церера и кралицата на подземјето. Друг астероид од главниот појас, 399 Персефона, откриен во 1895 година, го носи името на нејзиниот грчки колега.

Овој објект орбитира околу Сонцето со период од 4,33 години. Има големина на пресек од околу 90 км и каменски (S-тип) состав. Фотометриските набљудувања на овој астероид произвеле спротивставени проценки за периодот на ротација. Период од 12,13 часа бил забележан во 1979 година, следен од 10,6 часа во 1981 година и 6,67 часа во 2001 година. Набљудувањата направени во 2007 година во опсерваторијата Оукли во Тере Хауте, Индијана создале светлосна крива со период од 13,06 ± 0,03 часа и варијација на осветленоста од 0,21 ± 0,01 во светлинска величина. Ова било потврдено со студија од 2008 година, давајќи период од 13.110 ± 0.001 часа.

Надворешни врскиУреди