26 јануари

датум
(Пренасочено од 26 Јануари)

Предлошка:Јануари 2024 26 јануари — 26-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 339 денови до крајот на годината (340 во престапна).

Настани:

1531  Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе.
1788  736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
1827  Перу прогласи независност.
1841  Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија.
1905  Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
1934  Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
1942  Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.
1946  Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.
1950  Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
1993  Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.
1994  Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
1994  Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД).
1996  Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските јадрени ракети.
2015  Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција.

Родени:

1494  Иполита Марија Сфорца — ќерка на Џан Галеацо Сфорца.
1847  Џон Бејтс Кларк — американски економист.
1917  Антонио Каладо — бразилски писател и новинар.
1919  Валентино Мацола — италијански фудбалер.
1925  Пол Њуман — американски филмски глумец и режисер.
1928  Роже Вадим — француски филмски режисер.
1939  Ѓело Јусиќ — хрватски композитор, аранжер, диригент и гитарист.
1951  Јармила Кратохвилова — чехословачка атлетичарка.
1951  Енди Хамел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
1953  Лусинда Вилијамс — американска пејачка.
1955  Еди ван Хален — американски рок-гитарист, член на групата Ван Хејлен (Van Halen).
1959  Александар Станковски — македонски уметник.
1963  Милко Ѓуровски — југословенски и македонски фудбалер и тренер.
1963  Жозе Мурињо — португалски фудбалер и тренер.
1973  Брендан Роџерс — северноирски фудбалер и тренер.
1975  Анабела — српска пејачка.
1977  Винс Картер — американски кошаркар.
1981  Хуан Хосе Аедо — аргентински велосипедист.
1984  Јуриј Трофимов — руски велосипедист.
1987  Себастијан Џовинко — италијански фудбалер.
1987  Ригоберто Уран — колумбиски велосипедист.
1987  Гојко Качар — српски фудбалер.
1990  Петер Саган — словачки велосипедист.
1991  Николо Мели — италијански кошаркар.
1991  Алекс Сандро — бразилски фудбалер.
2000  Нуно Тавареш — португалски фудбалер.

Починале:

1823  Едвард Џенер — пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1864  Лео фон Кленце — германски неокласичен архитект.
1961  Сотир Ставридис — македонски хирург и уролог.
1990  Ава Гарднер — американска глумица.
1996  Јосиф Бродски — руски и американски поет.
2000  Дон Баџ — американски тенисер.
2020  Коби Брајант — американски кошаркар.
2024  Горан Петровиќ — српски писател, член на САНУ.